Прва реакција на Бакингемската палата по интервјуто на Хари и Меган

Од:

По интервјуто на британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл, кое предизвика лавина од реакции ширум светот, за првпат се огласи и Бакингемската палата.

Кралското семејство во реакцијата се осврна на низата обвинувања кои младата двојка ги изнесе во интервјуто со Опра Винфри, меѓу кои беше и она за расизам кон синот на Хари и Меган.

„Целото семејство е тажно поради тоа што дознавме колкав предизвик биле изминатите години за Хари и Меган. Прашањата кои ги отворија, а посебно она за расизмот, се загрижувачки. На некои настани поинаку се сеќаваме, но сите ги третираме многу сериозно и ќе се занимаваме со нив внатре во семејството. Секогаш ќе ги сакаме Хари, Меган и Арчи,“ пишува во соопштението од Бакингемската палата.

Во контроверзното, досега најискрено интервју на Хари и Меган, двојката која се откажа од правото на британскиот престол, обвини дека неименуван член на кралското семејство се прашувал каква ќе биде бојата на кожата на синот на Хари и Меган, Арчи, пред тој да се роди. Водителката Опра Винфри подоцна појасни дека двојката не мислела на кралицата Елизабета кога го изрекле обвинувањето.

Меган во интервјуто исто така тврдеше дека притисокот ја натерал да помисли на самоубиство, откако побарала помош, но нејзините барања биле игнорирани.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Меган и Хари отворија нова веб-страница

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата