Над 25 илјади иселеници веќе се попишале на пописот

Од:

Минитерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека веќе над 25 илјади државјани кои се надвор од Македонија се попишале на пописот.

„Според информациите кои ги имаме пописот се одвива тековно, има заинтересираност на нашето нерезидентно население да се попишува. Бројките се оптимистички по однос на одзивот на граѓаните за самопопишување“, вели Османи.

Тој оствари средба со претставниците на верските заедници во Македонија и вели дека тие можат да одиграат важна улога во овој процес.

Во моментов се уште се регрутираат лицата кои ќе го спроведуваат пописот, а во тек е и тестирање на пријавените.

„Првиот оглас за учесници во пописот заврши минатата недела, констатиравме дека во некои региони немаме доволно кандидати и пуштивме уште еден оглас кој ќе заврши во недела“, вели Апостол Симовски од Државниот завод за статистика.

Симовски вели дека е среќен што постои разбирање кај сите верски заедници во Македонија.

Според него, сите учесници во пописот ќе мораат да ги почитуваат протоколите за заштита од ковид-19.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бујар Османи го повика Изет Меџити да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Османи: Секогаш кога иднината изгледаше неизвесна, граѓаните избираа достоинство, демократија и европска иднина

ВРЕДИ: Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

А1он

ВРЕДИ: Албанците добро знаат дека во М-НАВ сестрата на Бујар Османи зема месечна плата над 3.000 евра

А1он

Османи: Нема да има небезбедни и темни улици, Чаир конечно ќе блесне