Епидемиолошката ситуација во Врање е вонредна и исклучително тешка велат епидемиолозите од Здравствениот центар во градот. Последниот период Врање заедно со Белград е едно од најнестабилните жаришта во Србија.
Покрај големата бројка новозаразени се поголем е бројот на пациенти со тешка клиничка слика, а болничките капацитети се потполнети.
Во градот кој има 85 илјади жители вчера имаше 101 новозаразен што според односот на нови случаи и бројот на жители го става во ист ранг со Белград.
„Причините за алармантната ситуација во градот се непочитуавњето на мерките, домашните забави како и доаѓањето на голем број Македонци на шопинг во градот“ – вели епидемиолог од градот кој го цитираат српските медиуми.