Кумановски полицаец малтретирал и повредил осомничен, доби кривична пријава

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Д.К.(40) од Куманово – полициски службеник во Полициската станица Куманово, соопшти МВР.

Пријавата е поднесена поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

На 14 декември минатата година, пријавениот во својство на полициски службеник при вршењето на службата физички го малтретирал И.П. од Куманово, при што му нанел телесни повреди.

Против полицискиот службеник е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко