Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино е убеден дека напаѓачот на тимот Килијан Мбапе, може да стане наследник на капитенот на Барселона, Лионел Меси и напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо.
– Мбапе има огромен потенцијал. Единствено што му недостасува е времето. Не можеме да го забрзаме. Но, верувам дека Килијан е веќе еден од најдобрите во светот. Потребно му е време да ја заработи репутацијата и да го добие заслуженото признание, го цитира Покетино, францускиот весник „Ле Паризиен“.
Дваесет и двегодишниот Мбапе оваа сезона одигра 23 натпревари во Лига 1, постигна 18 голови и шест 6 асистенции.
Во Лигата на шампионите, Французинот постигна пет гола и направи три асистенции на шест натпревари.