Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Од:

Килијан Мбапе повеќе не сака да игра за француската фудбалска репрезентација додека селектор е Дидие Дешамп, тврди секогаш упатениот инсајдер Ромен Молина.

Молина, француски новинар кој го следат 550.000 луѓе на Х и кој пишува за Гардијан, Би-Би-Си и Си-Ен-Ен, ексклузивно објави дека Мбапе е разочаран од односот на Дешамп кон него и дека повеќе не сака да игра за националниот тим додека нов тренер е на клупата.

Дешамп не го стави на списокот капитенот на Франција за натпреварите во Лигата на нации против Израел (14 ноември) и Италија (17 ноември), на големо разочарување на Мбапе.

Мбапе поради повреда ги пропушти октомвриските натпревари против Израел и Белгија, а сега Дешамп изјави дека негова одлука е да не го повика Мбапе и дека ја презема одговорноста за евентуалните последици.

Дешамп ја предводи Франција од 2012 година и има освоено светско злато (2018) и сребро (2022), европско сребро (2016) и Лигата на нации (2021).

Мбапе постигна 48 гола и даде 35 асистенции на 86 натпревари за Франција од 2017 година и оттогаш беше клучен играч во сите успеси на „триколорите“.

Би можело да ве интересира

Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Предраг Петровиќ

Легендарниот Французин тврди: Погба му фрли црна магија на Мбапе

Предраг Петровиќ

Динамо во 2026 година се сели од Максимир, ќе игра на стадион од 44 милиони евра

Предраг Петровиќ

Роналдо го постигна 915-от гол во кариерата и го предводеше Ал Наср до нова победа

Предраг Петровиќ

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире