Прочуената средновековна Таписерија од Бајо ќе оди на обновување, а тоа почнува во 2024 година, соопшти Музејот на градот Бајо, северозападна Франција, којшто повеќе од два века го чува ремек-делото.
Раководството на Музејот соопшти дека реставрацијата ќе почне 2024 година, кога објектот посветен на таписеријата ќе биде и затворен поради тоа. Предвидено е повторно да биде отворен во 2026 година. Стручњаците лани открија дека на ремек-делото му е потребна обнова, бидејќи е утврдена одредена штета.
Таписеријата долга 70 метри и висока 50 сантиметри, истовремено е и вредно уметничко дело и историски документ што опишува како Вилијам Освојувачот го преминал Ла Манш, по што следела и Битката кај Хејстингс во 1066 година.
Таписеријата од Бајо е класифицирана како историски споменик во 1840 година. Од 2007. е вклучена во списокот „Сеќавања на светот“ на Организацијата за образование, култура и наука при Обединетите Нации (УНЕСКО).
Тоа дело ѝ припаѓа на Француската Држава. Во 1804 година, Наполеон Бонапарта им ја предал таписеријата на властите на градот Бајо за чување.