Франција ja одобри вакцината на АстраЗенека и за постари од 65 години

Од:

Луѓето постари од 65 години со здравствени проблеми можат да примат вакцина „АстраЗенека“, соопшти француското Министерство за здравство, иако претходно се тврдеше дека вакцината не е препорачлива за лица постари од 65 години.

Претходно, медиумите ја објавија изјавата на претседателот на Франција Емануел Макрон дека вакцината на АстраЗенека е „квази-ефикасна“ за лица постари од 65 години, додека истовремено во Велика Британија, вакцинирање на граѓани од сите возрасти со оваа вакцина беше дозволено од самиот почеток.

Министерката за здравство на Франција Оливија Веран посочи дека само лицата постари од 75 години ќе бидат вакцинирани со производи на Фазјер и Модерна во иднина.

Би можело да ве интересира

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Серија напади на затвори во Франција, властите велат ова е тероризам

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна