Полицаец застрелан во Ѓорче, во него пукал напаѓач од „Голф“ во движење

Од:

Попладнево кај кружниот тек во близина на црквата Свети Петар и Павле населбата Ѓорче Петров се случи пукање, во кое според Министерството за внатрешни работи, полицаец бил застрелан во ногата, по што е пренесен во болница.

„Околу 16,40 часот пријавено е дека во Скопје, на кружниот тек во населба Ѓорче Петров кај црквата Св. Петар и Павле, лице од возило „Голф“, пукало кон возило “Мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З.Р.“, соопшти МВР.

„Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Жена e убиена во пукотница во Шефилд, тројца се уапсени

Овчарот по кој се трагаше цела ноќ пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

Две лица загинаа, четворица се тешко повредени во пукотница во Шпанија

Шестгодишно дете возело електричен тротиент, се судрило со мотор и тешко е повредено