Тренерот на Арсенал, Микел Артета може да ја предводи Барселона во иднина. Триесет и осумгодишниот Баскиец е прв кандидат на Жоан Лапорта, која се кандидира за претседател на Каталонците, пренесува „РАЦ1“.
Доколку Лапорта победи и сегашниот тренер на Барса, Роналд Куман не ја задржи функцијата следната сезона, Артета би можел да го преземе неговото место.
Микел беше во системот на Барселона (1997-2001), но не успеа да влезе во првиот тим. Најпознат е по настапите за Евертон и Арсенал.
По завршувањето на играчката кариера, Артета стана помошник тренер во Манчестер сити на Пеп Гвардиола (2016-2019). Во 2019 година тој беше назначен за прв тренер на Арсенал.