Запечатена кафеаната во Стајковци која по работното време ги угости  Неделковски, Пандов и Панчевски

Од:

Запечатена е кафеанта „Кај Џустра“ во Стајковци во која синоќа пред полноќ беа затечени гости и приведени осумнаесетмина меѓу кои се новинарот Миленко Неделковски, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, разрешениот судија и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски и Александар Митовски од „Инфомакс“. Сопственикот ќе добие казна оти работел спротивно за протоколите за работа на угостителските објекти во пандемија. Од Државниот пазарен инспекторат велат дека синоќа не постапувале по дојава, туку откриле дека кафеaната работи и по 21 часот по вообичаена обиколка на угостителските објекти. Направиле вонреден надзор во локалот оти слушнале гласна музика кога ја правеле обиколката.

„Во синоќешниот вонреден надзор угостителски објект во Стајковци беше затечен како работи по дозволеното време за работа на угостителските објекти што беше утврдено по гласната музика која доаѓаше од локалот. Во објектот беа затечени над 20 лица. Надзорот беше во соработка со МВР од каде се преземаат мерки за затечените лица и утврдување на идентитетот на приведените е надлежност на полицијата. Инспекторатот, согласно одлуките на Влада, направи записник во кој предвиде мерка забрана за вршење дејност до 30 дена. Угостителскиот објект беше испразнет и затворен. Исто така следува глоба за правното лице и за одговорното лице во правното лице“, вели инспекторката Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат за „А1он“.

Ова не е прв прекршок на кафеаната „Кај Џустра“. Инспекторите во претходните контроли веќе имале утврдено дека работи без регистрација и одговорните лица биле предупредени.

Синоќешната контрола покажала дека кафеаната била регистрирана.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, потврди дека досега неколкупати имале дојави дека кафеаната работи и по 21 часот, но инспекторите не успевале на лице место да го потврдат тоа се до синоќа.

МВР официјално соопшти дека по надзорот биле приведени осумнаесетмина против кои ќе бидат преземени соодветни мерки, но не соопшти детали ниту пак иницијали на приведените.

„А1он“ дознава дека во кафеаната имало многу повеќе гости отколку што се приведени оти многумина избегале откако ги забележале полицијата и инспекторите од Државниот пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција

А1он

Одбележан Денот на македонската полиција

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово

Притвор за осомничен за спречување на полициски службеници да фатат побегнат затвореник

Ученичка од Јужен Велс со нож рани двајца професори и ученик

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот