Србија и Бугарија ќе имаат оперативна гасна интерконекција до мај 2022 година

Од:

Србија и Бугарија гасно ќе се поврзат преку изградба на гасоводот Ниш-Димитровград, што треба да започне со градба оваа година и да биде завршен до мај 2022 година.

– Денеска разменивме информации за моментално најважниот проект на нашите две земји, што е од голема важност затоа што ќе ни овозможи да бидеме уште повеќе транзитни земји, да ги диверзифицираме добавувачите и патиштата, што ќе ни овозможи конкуренција и поповолни цени на гасот. Бугарија ја заврши тендерската постапка, а Србија следната недела ќе објави јавен повик. Очекувам на лето да потпишеме договор, а во мај 2022 година да имаме оперативен гасовод, изјави српската министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ, за време на нејзината посета на Бугарија.

Бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова на средбата со Михајловиќ оцени дека со „реализацијата на овој проект, покажуваме дека ги делиме истите вредности и блискоста на двата народа, а гасната интерконекцијата ни дава можност за диверзификација за целиот регион од што ќе имаат корист економијата и граѓаните, соопштија од Кабинетот на српската министерка.

Претходно, Зорана Михајловиќ се состана со бугарскиот претседател Бојко Борисов, каде е оценето дека гасната интерконекција меѓу Србија и Бугарија е важна за целиот регион и е симбол на пријателство меѓу двете земји.

– Честитам за Балканскиот (гасен) поток и за брзината со која сето тоа е направено и изградено. Ќе продолжиме да работиме заедно на новата гасна интерконекција помеѓу Ниш и Димитровград, истакна Михајловиќ.

За проектот за изградба на гасоводот Ниш-Димитровград, во Србија во тек е изборот за надзор на проектот, за кој е објавен јавен повик на 11 јануари 2021 година.

Вкупната должина на гасната интерконекција меѓу Србија – Бугарија на територијата на Србија е 109 километри, а планираниот капацитет на гасоводот е 1,8 милијарди метри кубни. Проценетата вредност на инвестицијата е 85,5 милиони евра, а ќе се финансира од претпристапните фондови на ЕУ и заем од Европската инвестициска банка, додека останатите средства се обезбедени од Република Србија и ЈП „Србијагас“, соопштија од српското Министерство за рударство и енергетика.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16