Американскиот гигант „Епл“ го претстави новиот софтвер иОС 7 со револуционерен дизјан.
По седум години на пазарот со постоечкиот мобилен оперативен систем, Епл синоќа во Сан Франциско претстави целосно редизајниран иОС 7 на чиј развој работеше познатиот дизајнер Џон Ив.
Целосно променет, новиот иОС изоболува со значителни новитети од кои највпечатлив е новиот дизајн.
Воведен е нов систем со кој се пристапува со „слајд“ движење нагоре по што се отвораат нови апликации како што е контрола на батеријата, музичката програма, батериската ламба и апликацијата за камера.
Овозможен е мултитаскинг со што лесно се користат повеќе апликации одеднаш. Популарните програми како што е Сири, Еп стор и АјТјунс имаат значителни надградби, така што сега извршуваат некои задачи и во самиот телефон.
Можеби едно од најзвучните подобрувања е на АјТјунс радиото, преку што може да се слушаат разни канали, но и да правите сопствено радио што ќе ги содржи омилените песни.