Бекенбауер веќе не е под истрага за давање мито, случајот застари

Од:

Етичкиот суд на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја затвори истрагата против германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер за наводно подмитување, поради застареност на случајот.

Бекенбауер беше под истрага од 2016 година за наводни финансиски малверзации во 2002 година, заедно со поранешните членови наа Извршниот комитет на ФИФА, Тео Цванцигер и Хорст Шмит, против кои етичката истрага, исто така, е затворена поради застареност.

Случајот беше отворен поради сомнителни финансиски трансакции меѓу организаторите на Светското првенство во 2006 година во Германија, членови на ФИФА и поранешниот претседател на Азиската фудбалска асоцијација, Катарецот Мохамед бин Хамам.

Бекенбауер се товареше дека го поткупил Бин Хамам со десет милиони евра во 2002 година за да лобира Германија да ја добие организацијата на Мундијалот во 2006 година.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ