Откажани разговорите меѓу Северна и Јужна Кореја

Од:

Разговорите на високо ниво меѓу Северна и Јужна Кореја, кои требаа да се одржат во Сеул за помалку од 24 часа, денеска се откажани, соопштија јужнокорејските власти.

Разговорите на министерско ниво, први во последните шест години, требаа да се одржат утре, со големи очекувања дека дијалогот ќе доведе до намалување на воените тензии на поделениот Корејски полуостров.

Засега не е дадена јасна причина за откажување на разговорите, но тоа се случи по објавувањето дека двете страни не можат да се договорат за состав на делегациите, посебно шефовите на двата преговарачки тима.

По долго задоцнување двете страни конечно денеска претпладне разменија листи со имиња на членовите на нивните делегации.

– Меѓутоа, Пјонгјанг соопшти дека има проблем со главниот делегат од страна на Сеул, истакна јужнокорејски владин претставник, без да наведе повеќе детали.

Оттогаш продолжуваат размени на пораки меѓу двете страни, но очевидно е дека договорите во последен момент не дале резултати.

Петчлената делегација на Северна Кореја требаше да ја премине границата утре изутрина и со автомобили да биде превезени до Сеул, каде ќе се одржат разговорите во хотелот „Хилтон“.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња