Повеќето родители не знаат што им прават децата на интернет, покажа ново истражување. Во студијата која ја спроведе компанијата за софтверска безбедност МекКафе, дури 74 отсто од 1.310 родители во Велика Британија признале дека немаат време или не знаат како да ги проверат своите деца што прават на интернет.
Загрижува фактот дека дури и деца од 10 години се вклучуваат на сајтови кои имаат ограничен пристап или се впуштаат во недозволени авантури.
Дури 85 отсто од 351 дете на возраст од 10 и 12 години рекле дека отвориле Фејсбук профил наспроти тоа што сајтот бара нивните корисници да имаат над 13 години.
На профилите објавуваат емаил адреси и лични активности без никаква контрола, а за да се сокријат тоа што го прават на интернет многу деца користат итри тактики.
Четвртина ја чистат историјата на пребарувањето, за да не можат родителите да ги најдат сајтовите на кои оделе, додека 17 отсто ги бришат интернет пораките и видео снимките за кои знаат дека родители не би ги одобриле.
Овој тренд се однесува на сите млади до 23 години.
Интересно е дека од 1.173 испитани деца, речиси половина (46 отсто) признаваат дека би биле внимателни, ако би знаеле дека родителите ги контролираат.
Американската студија спроведена од 3 до 15 април откри дека млади луѓе во просек поминуваат шест часа покрај компјутер, смартфон или таблет.
Речиси сите (95 отсто) имаат барем еден профил на социјалните мрежи, а 44 проценти признаваат дека константно се логирани.
Притоа, дури 82 отсто деца помлади од 12 години не се свесни за опасностите на интернет и сметаат дека социјалните мрежи се сосема безбедни. Исто мислење имаат и 79 отсто родители