Косовската министерка за финансии поднесе оставка, именуван нов министер

Од:

Приштина, 24 февруари 2020 (МИА) – Министерката за финансии во косовската влада во оставка, Хикмете Бајрами поднесе оставка на функцијата и на нејзино место е именуван досегашниот заменик министер Агим Красниќи.

Во одлуката потпишана од премиерот Авдулах Хоти се наведува дека Бајрами е разрешена на нејзино барање.

Бајрами во писмото до Хоти наведува дека во иднина ќе се ангажира како пратеничка во Собранието на Косово.

– Барам од вас да ме ослободите од задачата вршител на должноста министер за финансии. Ја напуштам министерската позиција поради лични причини и ќе се ангажирам на позицијата пратеник во републичкото Собрание по сертификацијата на резултатите, се вели во писмото на Бајрами кое го објави порталот „Газета експрес“.

Владата на Авдулах Хоти ќе ја врши должноста до формирањето на новата влада, која се очекува да ја води Албин Курти, лидерот на партијата Движење самоопределување (ВВ), која извојува апсолутна победа на вонредните парламентарни избори на 14 октомври. ВВ освои 47,85 отсто од гласовите, со тоа што се уште не се преброени гласовите на дијаспората, која традиционално гласа за партијата на Курти, така што може да се очекува негова уште поубедлива победа.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски