Отворен конкурсот за наградата од Европската унија за истражувачко новинарство

Од:

Отворен е конкурсот за истражувачки стории од земјите на Западен Балкан и Турција за годишната Награда од Европската унија за истражувачко новинарство.

На конкурсот може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година поврзани со слободата на изразување, владеењето на правото, транспаретноста, злоупотребата на моќта и основните човекови права и корупцијата и криминалот.

Може да се пријават поединци или групи на новинари од печатените и онлајн медиуми, радијата и телевизиите со свои стории објавени на македонски, албански, на некој од јазиците што ги зборуваат заедниците или на некој од странските јазици.

Рокот за пријавување е до 31 март годинава, а наградниот фонд за Северна Македонија е 10 илјади евра од кои првата награда е 5.000 евра, втората 3.000 и третата 2.000 евра.

Координатор на активностите поврзани со конкурсот во земјава е Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Наградата од Европската Унија за истражувачко новинарство“ на Западен Балкан и Турција има за цел да ги истакне и промовира извонредните постигнувања на истражувачките новинари како и да ја подобри видливоста на квалитетното новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција. Наградата е дел од проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“ администриран од Балканската истражувачка репортетска мрежа во партнерство со седум медиумски организации.

Би можело да ве интересира

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата