Дводневен штрајк на 13 поморски синдикати во Грција

Од:

Штрајк во траење од 48 часа, започнаа 13 грчки поморски синдикати, со што поголем дел од бродовите во Грција, два дена ќе останат закотвени на пристаништата, јави дописничката на МИА од Атина.

Штрајкот започна на една минута по полноќ и ќе трае до утре на полноќ, додека пак, според грчката новинска агенција АНА-МПА, синдикатите, меѓу другото бараат укинување на регулативите што им штетат на колективните договори, но и што се однесуваат на работното време и одморите.

Дополнително, бараат и комплетна медицинска нега, државно образование, надградба на инфраструктурата, вработување персонал,како и подобрување на наставната програма во нивниот сектор.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески