Евакуирана болница во Белград поради рој пчели

Од:

Рој пчели принуди синоќа на евакуација пациентите и персонал од болница во Белград, соопшти српската национална телевизија.

Евакуиран беше вториот кат на Клиниката за изгореници, пластична и реконструктивна хирургија во Белград.

Се претпоставува дека пчелите нашле засолниште во системот за вентилација на болницата од лошото време во главниот град на Србија.

Операцијата за нивно расчистување е спроведена од пожарникари. Според првичните проценки станува збор за неколку илјади пчели.

Евакуираните пациенти се вратени денеска во своите соби.

Би можело да ве интересира

Мажот четири пати изгубил свест, лицето на сопругата згмечено: Крваво претепување на брачна двојка во белградска кафеана

ВИДЕО: Страотен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден мртов над 30 повредени

Катерина Ѓуровски

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски