„Пирова“ победа на македонските кошаркари над Естонија во евроквалификациите

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација остана без учество на Европското првенство, и покрај победата над Естонија попладнево во Перм од 86:84, што беше недоволна во пресметката со директниот конкурент за пласман на завршницата.

На македонските кошаркари им беше неопходна победа од најмалку девет поени разлика, а задачата уште повеќе им се усложни по првото полувреме, кое Естонците го добија со плус 11 поени разлика (49:38).

Македонскиот напад не функционираше во првите две четвртини, во кои избраниците на Александар Тодоров имаа дури 12 загубени топки и само три реализирани тројки од 14 обиди.

Со агресивна одбрана на стартот на третата третина и серија од 12:0, од кои девет поени постигна Џејкоб Вајли, нашите кошаркари се приближија на 54:50, но уследија две „среќни“ тројки на спротивната страна, со кои Естонија ја врати предноста од десет поени.

Македонските кошаркари не се откажаа во ниту еден момент и упорноста им донесе водство од 81:80 на 1,44 секунди до крајот на натпреварот, но немаа сили за подвиг.

Најефикасни во македонските редови беше Ненад Димитријевиќ со 23 поени, додека Вајли постигна 18 кошеви, додавајќи и 14 скокови.

Македонските кошаркари во евроквалификациите забележаа по една победа и пораз против Италија и Естонија, и два порази од Русија.

Пласман на Евробаскетот, покрај домаќините Италија, Германија, Грузија и Чешка, обезбедија досега уште Хрватска, Грција, БиХ, Израел, Шпанија, Словенија, Украина, Русија, Србија, Финска, Полска, Унгарија, Белгија, Холандија, Турција, Бугарија, Франција, Естонија и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Mакедонија ја прегази Норвешка и обезбеди место во квалификациите за ЕП

Митрашиновиќ: Докажавме дека македонските кошаркарки имаат квалитет

Ти Џеј Шортс, најдобриот стрелец во Бундеслигата, ќе биде нов репрезентативец на Македонија

Ненад Димитријевиќ се приклучи на националниот тим

Стојан Ѓуроски надвор од кошаркарските терени следните два месеца

А1он