Бандити ограбиле обложувалница во Ченто, пукале, направиле сообраќајка и избегале

Од:

Полицијата е во потрага по разбојници кои вчеравечер, вооружени со пиштоли, ограбиле обложувалница во скопската населба Ченто. Тие за време на грабежот испукале еден куршум, пред да избегаат со „Форд Фиеста“, но по само околу еден километар од местото на грабежот, се судриле со друго возило, ја оставиле нивната кола и побегнале пеш, соопшти МВР.

„На 21.02.2021 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Јужноморавски Бригади“ две лица со закана одзеле пари и при излегување од објектот испукале еден куршум. Според пријавеното, тие заминале со патничко возило „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, и на ул.„Фуштанска“ удриле во патничко возило „мицубиши“, по што го оставиле нивното возило и побегнале,“ се додава во полициското соопштение.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден