Заев и Османи со писма барале побрзо да се натоварат кинеските вакцини за да стигнат до крајот на оваа недела

Од:

Преку писма премиерот Зоран Заев и министерот Бујар Османи барале од Кина што побрзо да ги натовари вакцините за тие да може да стигнат во Македонија до крајот на оваа недела. Премиерот Заев очекува сега процесот да оди полесно оти во Кина поминале празниците.

„Во четврток – петок помина кинеска Нова година. Пуштивме писма во Кина, прво јас а потоа и министерот Османи за да го забрзаме процесот, час поскоро вакцините да бидат натоварени. До крајот на оваа седмица, а тоа е и крајот на февруари ќе стигнат“, рече премиерот Заев за кинеските вакцини.

Министерството за здравство нарача 200.000 од кинеската вакцина на „Синофарм“ за кои, според најавите, авионски транспорт ќе организира Македонија.

Министерството за здравство нарача 200.000 од кинеската вакцина на „Синофарм“ за кои, според најавите, авионскиот транспорт ќе го организира Македонија. Министерот за здравство Венко Филипче за кинеските вакцини веќе извести дека е направен детален план за транспорт од аеродромот во Скопје со местата за складирање на вакцината, како и план за нејзина дистрибуција со вакциналните пунктови. Вакцината н „Синофарм“се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, а стигнуваат во наполнет шприц.

За набавка на 100.000 дози од руската вакцина премиерот Заев рече дека ќе следат преддогвоори и договори во кои очекува да биде утврден терминот кога ќе стигнат кај нас.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Османи: Владата која што доаѓа нема одговорност кон Преспанскиот договор, но има обврска да го почитува

Горан Наумовски

Османи: Членство во ЕУ на сите учесници во ПСЈИЕ е гаранцијата за стабилноста и наш приоритет

Горан Наумовски

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on