Српскиот епидемиолог Кон: Лекарите се исцрпени, мора да има заострување на мерките

Од:

Епидемиологот и член на српскиот кризен штаб, д-р Предраг Кон, изјави дека приливот на пациенти со коронавирус во болниците мора да се запре, бидејќи лекарите и медицинскиот персонал се исцрпени.

На прашањето дали ќе бидат засилени постојните мерки, Кон рече дека за ова сè уште не се разговарало, но дека во медицинскиот дел на Кризниот штаб постои мислење дека мора да постои некое видливо заострување, бидејќи порастот на бројот на новозаболени претставува дополнителен ризик на кој треба да се реагира.

– Остана работното време, останува однесувањето за време на викендот – тоа се работи за кои треба да се разговара, вели Кон за ТВ Прва и додава дека допрва ќе се види сè.

Само по 3 милиони вакцинирани лица можеме да зборуваме за излегување од пандемијата, но сепак ја гледаме светлината на крајот на тунелот бидејќи бројот на вакцинирани лица се зголемува – посочи епидемиологот.

Како што додаде, ќе има зголемување што ќе трае некое време, бидејќи постојат различни околности во кои луѓето се собираат и во кои се шири вирусот.

По повод собирите на кои граѓаните се збогуваат со Ѓорѓе Балашевиќ, Кон рече дека и Балашевиќ би сакал да бидеме повнимателни и дека е негова обврска да го каже тоа.

Тој посочи дека мора да се прифати фактот дека непочитувањето на мерките резултира со зголемување на бројот на заразени лица и дека интензивно мора да се следи состојбата во училиштата, особено во средните училишта.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски