МОК со поддршка за „Тренерската клиника“ во Охрид

Од:

Во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска се одржа прес-конференцијата на која беа соопштени повеќе детали за промоција на кошаркарската Тренерска клиника – Охрид 2013, под организација на Македонската кошаркарска федерација, а помогната од МОК.

– Задоволни сме што можеме да соработуваме, помогнеме и промовираме еден ваков настан, кој оди само во прилог на развојот на кошарката во Македонија. Во тесна соработка со МКФ, разгледувајќи ги сите опции и стратегии, се фокусиравме на обуката на експертскиот кадар, односно тренерите и за таа цел се обидовме да најдеме некои од најеминентните имиња во светот. Успеавме да креираме една Олимписка Клиника, која ќе ја води веројатно најпознатиот светски екперт, Жељко Обрадовиќ. Настанот е реализиран и со заедничка комуникација и координација со ФИБА и ИОК, кои го поздравија и дадоа највисоки оцени, изјави генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски.

Како гости предавачи и демонстратори на овој настан, најавени се некои од најголемите тренерски имиња во Европа, меѓу кои најтрофејниот тренер Жељко Обрадовиќ со неговиот долгогодишен асистент Димитриос Итудис, а свои предавања со демонстрации ќе одржи и потпретседателот на Младинската комисија на ФИБА Европа и претседател на Стручниот совет на Кошаркарската федерација на Словенија, Антон Крумп.

– Самото тоа што успеавме да донесеме некои од најголемите тренерски имиња во Европа, доволно говори за сериозноста во намерата да преку унапредување на тренерската работа, практично да иницираме подобар развој на нашите кошаркари“, изјави Генералниот секретар на МКФ, Дејан Лекиќ.

Тренерската Клиника ќе се одржи во салата „Билјанини Извори“ во Охрид на 15 и 16 јуни.

Најавено е присуството на преку 100 тренери во нашата земја, заедно со повеќемина гости од други земји во Европа, но и надвор од неа, што дава меѓународен карактер на престижниот настан, веќе присутен и во календарот на ФИБА и ИОК.

Би можело да ве интересира

Левица: Обвинителството има отворено предистражна постапка за малверзациите во Македонскиот олимписки комитет

Катерина Ѓуровски

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Предраг Петровиќ

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

A1on

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

МОК воспоставува манифестација за најуспешни македонски спортистки

Ана Ололовска

МОК го награди Георгиевски со 10.000 евра и стипендија за олимпиското сребро

Ана Ололовска