Османи: Бевме премногу емотивни во дијалогот со Бугарија, во иднина ќе бидеме порационални

Од:

Емоциите да се тргнат настрана, а да се промовира рационалниот пристап во разговорите со Бугарија, е новиот концепт на македонското Министерство за надворешни работи.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека дебатата во првата фаза од дијалогот била премногу емоционална.

„Чувството беше дека во првата фаза дијалогот помеѓу нас и Бугарија беше премногу емоционален, со премногу емоции во него, сметавме дека треба да го смениме пристапот во однос на овој дијалог, да воспоставиме повеќе рационален пристап во овие разговори и продолжување на комуникацијата во темите за кои имаме повеќе разбирање“, вели Османи.

Тој вели дека со финализирањето на акцискиот план ќе може да се свика новата меѓувладина седница која произлегува од Договорот од 2017 година.

„Имавме размени во дефинирање на тој Акциски план и сметам дека сме при крај за дефинирање на тој план“, вели Османи.

Тој вели дека Акцискиот план е насочен кон соработка на линиските министерства кои ќе го подобруваат животот на луѓето од двете страни на границата.

Минатата меѓувладина седница се одржа во Бугарија, а овој пат домаќин ќе биде Македонија.

Би можело да ве интересира

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Зајкова: Во Заклучоците за проширувањето на Советот на ЕУ не стои дека уставните измени треба да стапат во сила веднаш

Катерина Ѓуровски

Владата се сомнева во искреноста на Османи кога дава предлози за решавање на проблемот со Бугарија

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална