Од април вакцинираните Израелци слободно ќе патуваат во Кипар

Од:

Израелскиот „зелен пасош“ за лицата кои ја примиле вакцината, била една од темите за кои разговарале и се договориле претседателот на Кипар Никос Анастасиадис и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху на нивната вчерашна средба, па така, од 1 април израелските граѓани кои се вакцинирани, слободно да патуваат во Кипар, јави дописничката на МИА од Атина.

-Задоволство ми е да Ве информирам дека е постигнат договор меѓу надлежните органи на нашите две земји врз основа на кој од 1 април 2021 година, израелските граѓани кои се вакцинирани со вакцина одобрена од Европската агенција за лекови, нема да биде потребно да прават ПЦР тест за да патуваат во Кипар, ниту да бидат во самоизолација по нивното пристигнување, рече Анастасиадис.

Министерот за транспорт и врски на Кипар Јанис Карусос и заменик-министерот за туризам Савас Пердиос, за кипарската новинска агенција ЦНА позитивно го оценуваат договорот со Израел.

Пердиос објаснува дека предвидено е слободно патување на државјаните од Израел кои ги примиле и двете дози од една од трите одобрени вакцини, најмалку седум дена пред патувањето, додека пак за оние кои не ја примиле вакцината, не значи дека не можат да патуваат на Кипар, туку ќе треба да ги следат правилата за конкретната земја.

Додава дека за неколку седмици, кога ќе се зголеми бројот на вакцинирани на Кипар, ќе се разговара и за условите под кои кипарските државјани ќе можат да патуваат во Израел.

Министерот за транспорт и врски на Кипар говорејќи за кипарската новинска агенција, не ја исклучи можноста конкретното прашање да се разгледа и со други земји, но кога ќе бидат подготвени.

Би можело да ве интересира

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

ВИДЕО: Хезболах ја проби одбраната на Израел, ракети ја погодија Хаифа

ВИДЕО: Големи експлозии во Бејрут, Израел се посилно го напаѓа градот

Катерина Ѓуровски