Бачев: Чуствува ли Заев срам што пријателите од НАТО го оставија на цедило?

Од:

Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија, во соопштение го прашува премиерот Зоран Заев „дали денеска при примањето на вакцини од Србија почуствува барем малку непријатност и срам што неговите пријатели од НАТО го тумбаа на првата кривина и го оставија на цедило?“

„Власта на Зоран Заев покажа дека нема капацитет да се справи со здравствената криза, но, интересно е што НАТО-членките ја гледаа неспособноста на Заев да набави вакцини и притоа не му доделија ниту една вакцина.

НАТО не покажа солидарност спрема народот во Македонија со флагрантно кршење на Северно-Атланскиот договор од 1949 година, според кој фундаментално начело е солидарноста меѓу државите – членки на НАТО. 29 држави – членки на НАТО не покажаа минимум солидарност да и помогнат на Македонија.

Единствена Македонија цела година бара од владата да се обрати за помош од Кина и Русија, особено што овие земји секогаш помагаат во болка. Тоа е во нивниот национален карактер. Помошта е секогаш искрена и чесна. Но власта на Заев манифестираше преплашеност од своите газди во Брисел иако здравјето на народот не трпи политички калкулации.

Единствена Македонија во оваа прилика изразува голема благодарност до пријателскиот народ во Србија за искрената помош со вакцини за Македонија,“ се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска