Скопјанец наишол на отклучено БМВ, си го запалил и си заминал, Обвинителството бара притвор

Од:

33-годишен скопјанец е осомничен дека пред два дена, украл автомобил БМВ на кој случајно наишол, откако забележал дека колата е отклучена, а клучот е во контактот

„Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 9 февруари, противправно присвоил автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и го стартувал со клучот кој бил во возилото, по што го напуштил местото.

За осомничениот 33-годишник, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, ценејќи дека постои реална опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон“.

Би можело да ве интересира

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Застрелал човек со кој бил на лов: кривична пријава за убиство од небрежност

Трагедија кај Елешец: Загина 18-годишно момче, тинејџер е тешко повреден

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Скопјанец возел во спортивна насока на автопатот кон Тетово

Скопјанецот кој прегази жена во Марино возел дрогиран