Бројот на нови случаи заразени со Ковид-19 на глобално ниво е во пад во текот на последните четири седмици, а бројот на смртните случаи поврзани со коронавирусот е во надолна линија втора недела објави Светската здравствена организација.
Повеќе од 3,1 милиони нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во светот во текот на минатата седмица, а тоа е за 17 проценти помалку во однос на неделата претходно и е најмала бројка по октомври 2020 година.
Во текот на минатата недела се регистрирани 88 илјади смртни случаи и тоа е за 10 проценти намалување во одност на претходните седум дена.
„Иако во многу земји бројките растат на глобално ниво има пад на новозаболените и на смртните случаи што е охрабрувачки“ – стои во извештајот на СЗО.