Светската здравствена организација порачува дека вакцината на АстраЗенека е соодветна и за новите варијанти коронавирус како и за лица над 65 години.
Стручњаците на СЗО велат дека со поголема одалеченот меѓу двете дози од вакцината се добива подобар ефект.
Тимот задолежен за вакцините од СЗО ги разгледувал сите податоци собрани од клиничките тестови на вакцината и неговата привремена препорака е дека таа има ефикасност од 63 проценти.
Клиничките испитувања направени во Јужна Африка покажале дека оваа вакцина нуди минимална заштита кај благи и умерени форми на Ковид-19.