И документ од тетовскиот суд го побива Милошоски дека не бил осудуван во Германија

Од:

Запис од казнена евиденција одновно го побива тврдењето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој велеше дека не е осудуван во Германија. Документот до кој дојде „А1он“, а е издаден од Основниот суд во Тетово по барање на Државната изборна комисија на почетокот од претходната година, покажува дека тој бил двапати осудуван. Ова е втор документ кој го демантира Милошоски, кој велеше дека не сторил кривични дела во Германија.

Листата од казнена евиденција е издадена од тетовскиот суд, а на документот има потписи од вработените лица кои ја изготвиле и провериле, како и од заменик претседателот на судот. На документот има печат и од Основниот суд во Тетово.

Во документот стои: „Парична казна 40 казнени единици по 20 евра за кривично дело кражба“ и „Парична казна 20 дневници по 20 евра за кривично дело фалсификување на исправи“.

„Има записи во казнена евиденција“, пишува во листата од казнената евиденција на Милошоски.

Со овој документ се поткрепуваат тврдењата на „А1он“, за кој Милошоски велеше дека се дезинформации. Како што објавивме, тој бил осуден во 2004 и 2005 година во Ахен, Германија. Иако негираше, и документите издадени од судот во Тетово покажуваат дека тој бил осуден за фалсификување на исправи.

Според датумите, документот за листа од казнената евиденција е издаден непосредно пред ланските парламентарни избори, кога Милошоски беше кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера, „А1он“ објави и документи од Германија, на кои се гледа донесената пресуда за Милошоски во судот во Ахен.

„А1он“ упати и покана за видео интервју до Милошоски, каде меѓудругото, ќе може да одговори за какво фалсификување на исправи е осуден, но до овој момент, не добивме одговор од него.

Претходно, Милошоски за „А1он“ негираше дека сторил кривични дела и дека бил осудуван во Германија, а потврди дека во периодот, во кој според документите сторил кривично дело, престојувал таму. Тој посочи дека точниот одговор за тоа дали му било судено може да го даде Амбасадата на Германија или германското МНР.

Би можело да ве интересира

Милошоски: ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма

А1он

Милошоски: РЕК Битола – душманско крадење преку „РУД Коп ДООЕЛ”, „Марковски Компани” и „Дигер ДОО”- Битола

Горан Наумовски

Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, веројатно ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев