Милошоски пред да биде министер, бил осуден за фалсификување на исправи во Германија

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски бил осуден за две дела во Германија, една година пред да биде назначен за министер за надворешни работи во Македонија, дознава „А1он“. Од документите до кои дојдовме, се гледа дека судот во градот Ахен, пресудил дека Милошоски сторил дело фалсификување на исправи. Нему му била изречена поблага казна, иако за двете дела, според актуелниот Кривичен законик на Германија, се предвидува и казна затвор. Од документите, се гледа дека пресудите се донесени во 2004/2005 година.

Милошоски негира дека бил осудуван во Германија и дека сторил кривични дела, а потврдува дека во тој период престојувал таму. Во изјава за „А1он“, актуелниот пратеник посочи дека сепак, точниот одговор за тоа дали сторил кривични дела може да го даде Амбасадата на Германија или германското МНР. Тој негира дека сторил фалсификување на исправи или друго кривично дело

„Во 2004 – 2005 година јас бев студент во Германија. Секогаш сум имал регулиран престој. Не сум имал никакво дело кое што на било кој начин би можело да го доведе во прашање мојот престој во Германија. Доколку има нешто такво ќе објавите, ќе видиме. Јас не мислам дека има такво нешто. Мислам, можете да се обратите до германска амбасада или да видите во германското Министерство за внатрешни работи, мислам, дека ќе ви одговорат прилично експлицитно. Па еве вие објавете, прашајте до германското МВР и ќе го добиете точниот одговор. Од септември 2001 година до мај 2006 година сум имал секогаш регулиран редовен престој без било какви проблеми во истиот. Доколку се случило, не би можел да имам престој“, вели Милошоски.

Прашан дали смета дека високи функционери и пратеници не смеат да бидат лица кои се осудувани за кривични дела кои можат да ги повторат со извршување на функцијата – не одговори конкретно. Милошоски вели дека според него, ограничувања за извршување на функции треба да има за посебни позиции.

Според документите до кои дојде „А1он“, Антонијо Милошоски е осуден во ноември 2004 и ноември 2005 година. За двете дела требало да плати парични казни. Девет месеци потоа, односно август 2006 година, тој беше назначен за министер за надворешни работи во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Таа функција ја извршуваше пет години, односно до јули 2011 година. По изборите, тој стана функцијата министер ја замени со функцијата пратеник во Собранието.

Дописите за сторени кривични или прекршочни дела во странство, земјите ги доставуваат до Министерството за правда, од каде, потоа, ги препраќаат во надлежните судови и се составен дел од досието на казнетиот. Од Кривичниот суд во Скопје за „А1он“ велат дека според Законот за управување со движење на предметите, податоци од казнена и кривична евиденција може да побара само барателот лично или негов полномошник со уредно полномошно. Кичевскиот суд, до овој момент не одговори на дописот. Став побаравме и од МВР. Барање за информации испративме и до германското МНР, како и судот во Ахен, каде била донесена пресудата.

Според актуелниот германски Кривичен законик, за делото фалсификување исправи, односно и користење на фалсификуван документ, опфатено во поглавјето 23, член 267, може да се изрече најмногу  пет години затвор или парична казна.

Би можело да ве интересира

Османи: Дел од фабрика на лажни вести во ВМРО-ДПМНЕ е дека постои документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите документи

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: 650.000 граѓани се затворени во Република Македонија

Горан Наумовски

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски