Милошоски: Дезинформација е дека сум фалсификувал исправа во Германија

Од:

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на социјалните мрежи и натаму негира дека сторил кривично дело фалсификување на исправа во Германија. Тој во статусот наведува дека веста е лажна.

„Партијата на Заев со фабрикувањето на лажни вести за наводно мое поседување на бугарски пасоши, авиони, покренување на монтирани случаи против мене се обидува да ме замолчи како опозиционен пратеник. Пред 5 години ми фалсификуваа поседување на бугарски пасош преку неговиот другар Чауш, а потоа измисли и дека сум сопственик на авион кој го немам. Истата партија која нечовечки се обиде да ја фалсификува вистината за убиството кај Смилковско Езеро, за смртта на Никола Младенов и малата Тамара, денес со слични дезинформации се обидува да измисли фалсификување на исправа во Германија, каде што сум стекнал две исправи, и тоа една факултетска диплома и еден сертификат за странски јазик. Но, најверојатно нервозата и потребата за дефокус расте токму кај власта која во Собранието е поддржана и од силувач на жени, од кого очекувам да си побараат оставка. Наместо лажни вести и обид да ја замолчат критиката од опозицијата, време е владата да си понесе одговорност за лажните ветувања кон граѓаните и за економијата која е жртва на хибридниот режим кој функционира во историски највисока корупција“, пишува Милошоски.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Милошоски: Пендаровски ја релативизира позицијата во која не донесе Владата

Катерина Ѓуровски

Милошоски до Јовески: Како може ДЗР во март да ви достави извештај за Онкологија, а вие до ден денешен да немате истрага?

Милошоски: ДУИ ги приватизира игрите на среќа

Груевски за Ѓорчев и Милошоски: Браво Марјане, јака штикла си станал, за Антонијо имам што да кажам

Предраг Петровиќ