Play Store наскоро ќе го надмине App Store

Од:

Долго време App Store беше на водечката позиција во повеќе категории, но според динамиката на раст на Google нивниот Play Store ќе избие на првата позиција.

Според анализите корисниците на Android се почесто ги добиваат најновите апликации пред тие да бидат достапни на iPhone, нешто што пред една година беше апсолутно незамисливо. Второ, Apple неодамна се пофали дека достигнале 50 милијарди превземања од App Store, но тоа наскоро ќе биде надминато од страна на Android апликациите.

Во овој момент има 900 милиони активирани Android уреди, наспроти 600 милиони на Apple, а од друга страна пак Google бележи за 500 милиони повеќе превземања на апликации од iOs. Тоа значи дека за брзо време Google со Android ќе постигне нов рекорд надминувајќи ја бројката од 50 милијарди превземања.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ