Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо наведе дека не разговарал со главните луѓе во клубот за својата иднина, по заминување на Жозе Мурињо.
Медиумите со месеци пишуваат за евентуално враќање на Роналдо во Манчестер Јунајтед, но тој вели дека сега нема никакви разговори.
-Не зборував со никој и во овој момент сум сконцентриран на репрезентацијата и тоа е единствено што ме интересира-изјави Роналдо.
Запрашан што смета за изјавата на Мурињо, дека „мисли дека знае се“, Португалецот кратко нагласи дека не се грижи за тоа, туку за репрезентацијата, а останатите мислења не го интересираат.
Елена Георгиевска