Првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Лајпциг и Ливерпул ќе се одигра во Унгарија.
Средбата ќе се одржи на „Арена Пушкаш“ во Будимпешта.
Прашањето за одложување на натпреварот се појави откако Германија ги прекина летовите од Велика Британија до 17 февруари, поради ширењето на новиот вид на коронавирус. Така, Ливерпул нема начин да стигне до Германија.
Натпреварот Лајпциг – Ливерпул е закажан за 16 февруари.