Во проектот „Скопје 2014“ нема кршење на човековите права, но тој можеби придонесува кон тензични меѓуетнички односи – оценува Енди Гран, одговорен за Македонија во меѓународната организација “Амнести интернешнал“.
Во интревју за МИА тој вели: Се разбира дека градењето на јавни уметнички дела во ниту еден можен случај не може да ги крши човековите права. Спомениците од 2014 се еден пример на нешто што можеби придонесува кон тензични меѓуетнички односи.
Ова не е дел од областа на човековите права, туку е нешто што Амнести го смета како забележително. Има и неодамнешно искуство со тоа и затоа го наведуваме како причина за загриженост.
Друга загриженост е владиното влијание врз медиумите. Потоа, конечно, загриженост за полициско насилство, се разбира тука е случајот на убиството на Мартин Нешковски, кое беше видено како симптом на поширокиот проблем на насилство на полицијата кон луѓето, особено притворениците“ – оценува Гран од организацијата за заштита на човековите права.