Илјадници Кинези му оддадоа почит на лекарот Ли, кој прв предупреди на опасноста од коронавирусот во Вухан

Од:

Илјадници Кинези денеска на социјалните мрежи му одадоа почит на докторот Ли Венлијанг, кој во февруари минатата година почина од Ковид-19, а беше еден од првите што предупреди на опасноста од новиот коронавирус во Вухан.

Офталмологот Ли од Општата болница во Вухан, со своите колеги во декември 2019 година на социјалните мрежи ја сподели својата загриженост за ширењето на новиот коронавирус, сличен на САРС и беше повикан од полицијата и обвинет за ширење „гласини“.

Тој се заразил од пациент, а неговата смрт од Ковид-19, предизвика бран од тага и гнев во Кина. Интернет корисниците ги критикуваа кинеските власти за нивното управување со кризата, обвинувајќи ги дека ги кријат фактите.

Социјалната мрежа Веибо, кинескиот пандан на Твитер, остана едно од ретките места каде што корисниците се потсетуваат на траумата од почетокот на епидемијата, кога милиони жители на провинцијата Вухан и Хубеи беа заклучени во куќите под полиција надзор.

Денеска пристигнаа илјадници пораки по повод првата годишнина од смртта на младиот лекар.

„Мислев дека целиот свет ќе те заборави една година подоцна“, напиша еден корисник, додавајќи дека не бил во право и дека Ли ќе живее вечно во срцата на Кинезите.

Меѓутоа, пред болницата во Вухан немаше никаков знак на комеморација, каде лани жителите оставија цвеќиња и слики во спомен на Ли.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски