Рамос успешно опериран, претстои шестнеделна рехабилитација

Од:

Актуелниот првак во Ла Лига, Реал Мадрид, ќе биде без услугите на капитенот Серхио Рамос најмалку во следните шест недели, колку што лекарите предвидуваат да трае закрепнувањето по денешната операција на коленото, јавија шпанските медиуми.

Раководството на Реал не излезе со детали околу рехабилитациониот процес, соопштувајќи дека Рамос бил успешно опериран.

-Капитенот Серхио Рамос беше успешно опериран денеска поради повредата на внатрешниот менискус на левото колено. Операцијата ја изврши доктор Мануел Лејес, под мониторинг на медицинскиот тим на Реал. Со процесот на рехабилитација Рамос ќе започне во следните денови, се наведува во соопштението на клубот од Мадрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска