Новата организирана група која денеска се приклучи на движењето за граѓанска непослушност се универзитетските професори во Мјанмар, а некои предавачи одбија да работат или да соработуваат со официјални лица во знак на протест против воениот режим.
Со црвени панделки и транспаренти, голем број предавачи и друг персонал се собраа денеска пред зградите на кампусот на Универзитетот во Јангон.
„Не го сакаме овој воен удар што нелегално и ја одзеде моќта на нашата избрана влада“, рекоа насобраните на протестот.
Кампањата за граѓанска непослушност почна меѓу медицинските работници непосредно по воениот удар во понеделникот, но оттогаш се прошири, при што се приклучија студенти, младински групи и некои работници од приватниот и јавниот сектор.