Четириесет и две лица загинаа, a 33 се повредени откако автобус беше зафатен од пожар во југоисточна Кина, јави Синхуа.
Претходно кинеската агенција соопшти за 20 загинати и над 30 повредени.
Причините за несреќата не се познати засега. Автобусот бил во сопственост на компанија за експрес превози кој патувал во реонот на пристанишниот град Сјаман.
Една од преживеаните за Синхуа изјави дека првично бил почувствуван мирис на бензин, по што автобусот бил зафатен од пожар.
Локален веб-сајт објави дека по десеттата минута од пожарот биле слушнати експлозии.