Вакцини од програмата Ковакс на Светската здравствена организација (СЗО) изминатиот викенд беа испратени во значителен број во 190 земји низ светот, информира денеска Брус Ајлвард, висок советник во СЗО.
Марианџела Симао, помошник на генералниот директор на СЗО, изјави дека очекува производителите на вакцини да ги достават своите проекции за бројот на вакцини што ќе бидат достапни во февруари и март.
Таа за време на видео состанок во Женева рече дека крајните количества сепак можат да бидат помалку од очекуваните, поради неодамнешното намалување на производството.