Браковите склучени по запознавањето на Интернет се потрајни и поквалитетни

Од:

Вработените денес имаат се помалку време за средби очи в очи, а една третина од браковите се склучени по запознавање преку Интернет.

Во изминатите десетина години се повеќе луѓе се свртуваат кон Интернетот заради пронаоѓање на својата подобра половина.

Мажите и жените ја запознаваат новата личност прекустраниците за самци, разни Интернет форуми, портали, сервиси за онлајн допишување, Фејсбук и бројни други виртуални места.

Според најновото истражување спроведено во САД, дури една третина од браковите склучени по 2005 година се резултат на врски кои започнале на Интернет. Дури 50 отсто од таквите врски почнале со запознавање на специјализираните страници за самци, што вкупно претставува речиси секој шестти брак.

Иако за одреднен број луѓе пронаоѓањето партнер на Интернет е табутема и со презир гледаат на секое споменување на вирутелното спојување, статистиките не се на нивна страна.

Според најното истражување, врските кои започнале онлајн поретко завршуват со развод, а мажите и жените во тие врски се многу посреќни и позадоволни, отколку во врските кои почнале на класичен начин.

Во истражувањето се испитани повеќе од 19 илјади луѓе, кои стапиле во брак меѓу 2005 и 2012 година, а претставуваат репрезентативен примерок на општата популација.

Најдобра шанса некого да пронјадат на Интернет имаат лицата меѓу 30 и 50 години, кои се вработени и финасиски ситуирани.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

ВИДЕО: Се тркалаа по подот во тепачка за бидермаер

Предраг Петровиќ

Како да ја изненадите сопругата за годишнината од вашата свадба?

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он