Сојузот на средношколци: Не ја бојкотираме матурата, незадоволството е од тврдоглавоста на МОН

Од:

Сојузот на средношколци во денешната реакција до Министерството за образование и наука објаснува дека не се залагаат за укинување на државната матура, туку бараат промени поради ситуацијата со коронавирусот.

Државната матура, според Сојузот, треба да се полага по скратени наставни програми и методологии. Но, како што велат, тие програми треба да се однесуваат на сите предмети, а не само на неколку.

Од Сојузот напоменуваат дека скратените наставни програми беа и продолжуваат да бидат дел од нивните барања упатени до институциите.

-Сојузот на средношколци е согласен дека: „Министерството за образование и наука и Владата се должни (да) ја спроведат матурата за да обезбедат можности за сите над 14.000 ученици коишто ја пријави(ле) … да учат на факултет“. Меѓутоа, Сојузот не ја разбира потребата од ваква изјава, имајќи на ум дека ние не се залагаме за укинување на државната матура. Напротив, таа е клучен дел од нашето средно образование, соопштија од Сојузот.

Исто така, тие посочуваат дека без разлика на тоа што МОН додал дополнителни изборни предмети (географија и информатика) во сегашната концепција, тоо воопшто не го менува фактот дека учениците би полагале четири предмети, доколку МОН не ги прифати нивните барања.

-Претставници на Сојузот продолжуваат со нивното учество во работна група која ќе подготви нова концепција за државната матура. Но, МОН продолжува нашето учество да го третира како PR-потег. Сепак, Сојузот ќе продолжи да ја искористува секоја можност да учествува во создавањето на подобриот образовен систем, велат во соопштението.

Од Сојузот се согласни дека не бојкотираат само група матуранти, туку бојкотира големо мнозинство од матурантите и училиштата ширум земјава.

-Ние не ја бојкотираме матурата. Ние само го изразуваме нашето незадоволство околу тврдоглавоста на МОН. Министерството тврди дека „останува силен партнер на учениците и матурантите“ и дека „како и досега отворено и заеднички“ ќе дискутираат за предизвиците. Сојузот ова воопшто не го гледа, ниту пак делата на МОН го докажуваат истото. Сега активностите на Сојузот се пренасочија во Собранието, бидејќи само пратениците можат да го убедат МОН дека, како што самото Министерство вели, „е потребен разум и прифаќање на состојбите“, се наведува во соопштението на Сојузот на средношколци.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП