Претседателот на Либерално демократската партија Чедомир Јовановиќ вели дека по излегувањето на болницата се чувствува супер.
„Благодарен сум на сите оние кои ми овозможија да бидам татко на моите деца, брат и сопруг“, рече Јовановиќ.
„Воспоставувате со нив толку близок однос. Кога излегував, не ни фотографирав, не запомнив ни едно име, а тие рекоа дека така е најдобро“, вели Јовановиќ за медицинскиот персонал кој се грижел за него.
Тој вели дека тие победиле, а тој само ги следел.
Чедомир вели дека негативниот тест при излез од болница не значи дека не треба да внимава на себе, туку дека е многу важно се да прави постепено и да нема физички активности.