Маричиќ: Случајот „Јавна соба“ ќе ja забрза измената на законите и подигнувањето на јавната свест

Од:

Случајот „Јавна соба“ ќе биде катализатор, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво, напиша на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.

-Сите сме длабоко вознемирени од случајот „Јавна соба“ кој го потресе цело наше општество. Пред сѐ како човек изразувам поддршка на жртвите кои поминале и сѐ уште поминуваат низ тежок период. Ги охрабрувам да бидат гласни и укажувам дека може да сметаат на нас, и дека заедно ќе се бориме против вакво зло, вели Маричиќ.

Овој случај ќе биде катализатор, како што вели министерот, потребните законски измени да се случат побрзо, а јавната свест за овој проблем да се издигне на повисоко ниво.

-Министерството за правда ги изработи измените на Кривичниот законик со кои се обезбедува значително поголема заштита на жртвите, како оние од „Јавна соба“. Измените се во согласност со Истанбулската конвенција и опфаќаат широк спектар на случаи кога жртви на сексуално, психичко и физичко насилство се жените. Никој не треба да го премолчува насилството! Да не стравуваме, да бидеме гласни и заедно да се избориме против насилниците, напиша министерот Маричиќ на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Предраг Петровиќ

Врховниот ги одби барањата за преиспитување на пресудата за „Јавна соба“

Катерина Ѓуровски

Администраторот и модераторот на „Јавна соба” ќе си останат во куќен притвор бидејќи можат да избегаат

Кристијан Ландов

По четири години затвор добија обвинетите за порнографијата во „Јавна соба“

Кристијан Ландов

Кочанчанка уценувала жена со објавување на компромитирачки фотографии

А1он

Приведен скопјанец кој уценувал девојка со компромитирачки фотографии

А1он