САД заплениле камион со ракетен систем од руско производство „Панцир Ц-1“ во Либија, објави „Тајмс“.
Противвоздушниот ракетен систем и припаѓа на Либиската национална армија (ЛНА), која е поддржана од Русија со оружје.
Според британскиот магазин, тајната операција била извршена поради стравувања дека „Панцир Ц-1“ може да падне во рацете на милиции или шверцерите на оружје и со него да бидат соборени цивилни авиони.
Системот е пренесен во американската воздухопловна база Рамштајн во југозападна Германија.
Специјалната операција вклучувала испраќање тим со товарни авиони на американското воено воздухопловство на аеродромот во Зуара, западно од Триполи, минатиот јуни и транспорт назад до Рамштајн. Инсталацијата е купена од Русија од Обединетите Арапски Емирати, кои ја испратија во Либија.
Либија е поделена на два дела. Земјата има два парламенти и две влади. Конфронтацијата е помеѓу владата за национално единство на Фајез Сараџ (го контролира Триполи и западниот дел на земјата) и Либиската национална армија под команда на маршалот Калифа Хафтар (соработува со парламентот во источниот дел на земјата).