Бројот на земји и територии во кои е откриен новиот сој на коронавирусот, кој првпат беше забележан во Велика Британија, се зголеми на 70, односно за десет земји повеќе отколку на 12 јануари, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, мутацијата на коронавирусот откриена во Јужна Африка, која, како и британската, се шири побрзо од SARS-CoV-2, исто продолжува да се шири и во други земји и сега е присутна во 31 земја и територија.
Бразилската мутација досега е забележана во вкупно осум земји.
Во тек се истражувањата низ целиот свет за да се утврди што е она што ја прави позаразна варијантата на вирусот прво забележана во Велика Британија.
СЗО соопшти дека варијантите на вирусот се различни верзии на оригиналниот вирус кои се појавуваат со текот на времето поради различни мутации, преку кои вирусот еволуира и се обидува да преживее. Организацијата додаде дека ова е нормална појава за вирусите.