Голгетерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се огласи денеска по повод вчерашниот вербален конфликт со напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, демантирајќи, притоа, дека го навредувал противничкиот играч на расна основа.
Инцидентот се случи за време на градското дерби во Милано, во рамки на италијанскиот Куп, кога пред крајот на првото полувреме, двајцата поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед разменија мноштво навредливи зборови.
Инцидентот на теренот на крајот мораа да го прекинат нивните соиграчи, но вербалното пречкање продолжи и на пат кон соблекувалните.
Италијанските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ го навредувал Лукаку врз расна основа, што напаѓачот на Милан го демантираше преку социјалните мрежи.
-Во светот на Златан нема место за расизам. Сите сме иста раса, сите сме еднакви. Сите сме играчи, некои подобри од другите, напиша Ибрахимовиќ на својот твитер профил.